пласира (св. и несв.)
Битно е зашто на тој начин полесно ќе се навлезе во сложениот механизам со кој таа ги пласира своите значења, своите поенти и откривања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Меѓутоа, Хундертвасер „Fensterrecht“ не го предложува како свој уметнички каприц, туку со тоа начело мисли многу сериозно - целта на неговата акционистичка архитектура е секој, кој ќе осети потреба нешто да промени, не само во внатрешноста на својот стан, туку и врз фасадата од куќата во која живее, за на тој начин да го пласира својот идентитет и надвор од просторот на живеење, тоа може непречено да го направи, и тоа само до онаа точка до која допира неговата рака.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Јас одговорив дека џезот е универзална музика, како што „Кока кола“ е универзален пијалак, и дека треба да се искористи неговиот мундијализам, за под негово руво да се пласира богатството на нашиот фолклор.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Да, да, уште денес ќе го пласирам по бутките.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Милиот ми баџанак, на пример, успешно се пласира во втората категорија.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
На пазарот пласира ПВЦ цевки и компауди, фолии и вештачки кожи, како и гранулат и гумени полнила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сократ ја позајмил од Делфискиот пророк сентенцата „Себе си запознај се“ и ја пласирал кај своите ученици како негова лична измислица.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во тој момент единствените информации што пристигнувале до надворешниот свет биле информациите пласирани од страна на силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Просто, сите оние кои се во ситуација да пласираат уметнички изјави во културното живеење, плачат за оценувачи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тоа го вбројуваше во побитните членови на секретаријатот и донекаде го пласираше во повисоките ешалони на локалната власт.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)