писмено прил.
писменост ж.

писмено (прил.)

Токму за тие „разочарани” и „неразочарани” словенофили Мисирков тогаш и писмено ги извести ВМОК во Софија и ЦК на ТМОРО во Солун.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ете, да можам да добијам некоја белешка- признаница, писмено признание.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дуковски, успешниот млад драмски писател, се одвиваше писмено и се развлече низ речиси три месеци.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа, со желба да го избришам од мислите на вашите еминенции и на секој верен христијанин ова моќно сомневање што беше со право изречено кон мене, со искрено срце и со вистинска вера ги отповикувам и ги негирам споменатите заблуди и кривоверства и воопшто сите заблуди и кривоверства и дејства спротивни на светата Црква; се заколнувам дека нема во иднина никогаш да речам или да тврдам усно или писмено нешто што би можело да фрли врз мене слично сомневање, и доколку ми се случи да сретнам кривоверец или некојшто се смета за таков, ќе ја известам светата инквизиција, инквизиторот или прелатот во местото каде што живеам.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мнозината конвенции се запоставени, па затоа луѓето поседуваат само фрагменти од вештините за произведување и толкување на голем број облици што можат да се користат за писмено јазично изразување - нешто за што тие стануваат свесни и што мораат да го „платат“ во моментот кога ќе се соочат со задача како што е правење на Маргина 36 185 плакат или некој друг визуелен материјал за општа употреба и кога ќе сфатат дека не се во состојба да го обезбедат ефектот што сакаат да го произведат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Влегов, се извинив за задоцнувањето; Фискултурецот рече да донесам писмено оправдание за доцнењето; рече дека сум целосно неодговорен; јас се согласив, и реков: „Добро, може ли сега, како неодговорен, да седнам?“ Тој покажа со раката и јас седнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вториот дел што содржеше мал број записи направени од Едо синот и беа општо земено поинтересни, прво, поради тоа што беа писмено напишани, второ, што беа на едно поосмислено рамниште и, трето, за авторот посебно интересно,што беа израз на потреба да бидат направени, факт во кој авторот откриваше писател.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што се однесува до другите промени во сферата на престанокот на работниот однос по пат на отказ, во периодот 1993-2003 беа воведени и следните три подобрувања: •  прво, давањето писмено образложение за причините за отказот стана задолжително (чл. 5, ЗИДЗРО/97); •  второ, во април 2003 е пропишано дека, во случај работникот да поднел приговор против одлуката за отказ, тој ќе има суспензивно дејство т.е. ќе го одложи извршувањето на одлуката за отказ, сѐ до донесувањето на конечната одлука по приговорот (чл. 8, ЗИДЗРО/апр.03); и •  трето, исто така во април 2003, должината на времето за задолжителното известување на работодавецот, дека работникот е отсутен од работа поради болест или оправдани причини, е продолжена од 24 на 48 часа (чл. 7, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во овој оддел ќе ја спомнеме и одредбата од измената и дополнувањето од декември 2008 година со која работникот кој ќе стапи на работа без договор за вработување се обврзува веднаш писмено да го извести надлежниот инспекциски орган во врска со ова (чл. 2, ЗИДЗВОСН/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Наспроти тоа, пропишаната процедура од 1996 година е следната: прво, најдоцна 7 дена пред денот кога имаат намера да најават штрајк, синдикатот, односно работниците кои го користат правото на штрајк, доставуваат писмено предупредување во кое ќе известат дека имаат намера да организираат штрајк.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Странката го издава полномошното [mandatum] писмено или усно на записник во судот и таа може во секое време да го отповика полномошното, а полномошникот може во секое време да го откаже полномошното. (чл. 88, ст.1 и чл. 90, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, пак, во поглед на дозволеноста на отказот – како трудовоправен институт, работникот може да го откаже договорот за вработување ако писмено изјави дека сака да го откаже договорот; работодавачот, пак, може да го откаже договорот само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот [лична причина или причина на вина] или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот [деловна причина].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да го извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот за: а) секој смртен случај; б) колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена не- способност за работа повеќе од три работни дена и в) секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, режисерот од бугарска провиниенција, Николај Калчев, на програмчето печатено по повод претставата на сцената на Драмскиот театар од Пазарџик, писмено ја изартикулирал причината поради која се нафатил да ѝ даде сценски живот на пиесата од српскиот автор С Минковиќ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Откако ги пратив своите молби, ги проколнував и писмено и усно, навалував и ги окупирав, бев вџасен кога видов дека тоа го сфатиле сериозно и дури и го направија, и постапив како што немаше постапено ниедна црна овца дотогаш: не отстапив, не ги измамив, туку ја прифатив работата што ми ја најдоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако вие мислите поинаку, молам, наредете, ама на писмено... - отсечно рече командантот и откако малку почека, праша: - Има наредби?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се предвиде и дополнителна обврска за работодавачот кој мора веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да ги извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој смртен случај, колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа. (чл. 8 од ЗИДЗБЗР/окт.14) 84 Закон за безбедност и здравје при работа, Сл. весник на РМ, 92/07.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
На ова се надоврзува чл. 30 од Законот кој предвидува дека на вработените во јавниот сектор кои усно или писмено пријавиле сомневање или имаат сознание дека е извршено, или се извршува или е веројатно дека ќе се изврши некое кривично дело против службената должност или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се загрозува јавниот интерес, безбедноста и одбраната, им се обезбедува заштита согласно со закон и им се гарантира анонимност и доверливост до степен и до момент до кои тој тоа го бара.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)