пилана ж.

пилана (ж.)

„Ќе ги пренесеме до реката, ќе ги пуштиме низ неа, а таа ќе ги однесе до најблиската пилана“ - рече учителката, но во тој миг екна школското ѕвонче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Замина, преклонет, накај својата пилана, што стоеше во самата средина на долината и од чија стреа излегуваше тенок бел чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целата зградичка на пиланата напросто проигруваше од она поројно заплиснување на водата, што сега можеше да се слева по шупливоста од буката и да се распрснува, удрена во коритцата од турбината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На месечината понекогаш ќе светнеше стаклесто црно само по некој поглед, како поглед од истечено око, ќе проблеснеше само по некој отскриен заб, но сега сето се престори во некакво чудно сновење околу неговата пилана, едно такво забрзано одминување, при кое секој од нив, со една чудна фанатичност во таа проклета осамена недоверчивост во оние сиви, изребрени тела, како да мораше да мине на секое место, така што неколку пати се случуваше да се судрат по два, а притоа само остро ќе прикрцкаа нивните очници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На исток чадот и замагленоста од целата џунгла од пилани и фабрики го покриваа големиот град, но овде надвор воздухот беше чист и благо ветре дувкаше кон реката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзината волшебна молба за куќата го погоди Даниел во срцето, иако таа желба не одговараше на местото и на огромниот индустриски град, меѓу вревата на блискиот автопат и бучавата на авионите што пристигнуваа и заминуваа од аеродромот, што се наоѓаше само на неколку милји на запад, и бучавата на пиланите и фабриките кои како сртови се издигаа на нискиот планински венец, помеѓу градот и рамните предградија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не било баш или-или. Или ќе бидеш исправен како топола, или ќе завршиш како ќутук во некоја селска пилана.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)