пејачки (прид.)
Меѓу другите беше повикан и илузионистот „Бора III“ од Белград, а и пејачката група „Мањифико“ од Скопје.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Особено гласно чрчори еден дебелко, кој освен што игра паша, како да има и пеачки претензии.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така, денес се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а се удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност, а можеби самата е уште подлабоко во своите корења – изворен народен дух (мислев, се разбира, на мојот џез, инспириран од народната песна).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Формирана и помогната од страна на големиот педагог и менаџер Николај Назаров, таа има брилијантна пејачка кариера на најпознатите сцени во светот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Била голем талент со блескава пејачка кариера, но при една банална операција на крајници ѝ биле оштетени гласните жици, по што пејачката кариера на врвен солист ѝ била запечатена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)