печатница (ж.)
Во истата година, по неколку месеци откако Његош ја создава првата печатница во Црна Гора (четири столетија и две децении по отпечатувањето на Гутенберговата Библија), Џемс Гордон ја изненадува Америка со дневниот весник New York Tribune, големиот врсник на непознатите Новине хорватске на Људевит Гај.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се вработува како волонтер во една печатница.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ако тоа не ви е јасно грабнете ги сите тие машини, факсови, компјутери, печатници, радио-станици, теве-куќи и опичите ги тастерите, типките, нек зуи, нек се земља тресе, ние ионако ќе се прешалтуваме на други фрекфенции, друг систем.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Пронаоѓањето на печатницата, меѓутоа, го олесни манипулирањето со јавното мислење, а филмот и радиото уште повеќе го унапредија тој процес.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тука беа огромните печатници со нивните уредници, типографски стручњаци и комплетно опремени студија за фалсификување на фотографии.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Излегов скршен од печатницата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
XLIV Утредента, дежурав во печатницата, при преломот на весникот во кој работев како новинар.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Господарот Ѓурач имав чест лично да го запознам, тој ја беше довлечкал печатницата дури од Млетките, за да му помогне на словенскиот свет со ваквите книги.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ама, немаше многу среќа. Печатницата згасна пред извесно време, по само неколку години работа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Отпечатен е во Зета, во Обод, во печатницата на Црноевиќи, и тоа на нашински, со кирилица.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Овие и другите книги се печателе во странство, бидејќи во Македонија немало печатница.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Печатените книги во првата македонска печатница го ширеле народниот македонски јазик и го истиснувале црковно-словенскиот.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Кон половината на XIX век, Константин Држилович од с. Држилово - Воденско, во Солун отворил нова печатница, во која за разлика од претходните, се печателе книги на македонски народен јазик, но со грчки букви.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во Булкес Грците отворија голема земјоделска задруга, основно училиште и гимназија, имаат своја власт и свои пари, па дури и милиција, печатница во која печатат весници и книги и скоро сите кои беа борци на ЕЛАС таму учат да бидат политички комесари.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Печатница: Чудесно откритие. Има предизвикано повеќе зло отколку добро.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)