перуника (ж.)
Се мрцкаш и слушаш: - Јас ѝ велам јариче, таа ми вели кукурек, а јас ѝ велам потполошка и синоличка и перуника и божурика и змијско грозје, а таа ми вели: змија да те касне, здрав да не си!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се поздравуваат со Дај Бог, често се крстуваат со Перун и Митра, во нивна чест, во чест на овие старославјански божества, садат перуника и ги виткаат портите, вратите и прозорците на куќите со зеленило.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
(Старецот Лозан Перуника му раскажува во 1913 година на некој писмен калуѓер или поп Доситеј Давидовски што се случило еднаш, тогаш.)
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Можам да појдам. - Тежок си. Коњот ќе пукне под тебе. Ќе појде Лозан Перуника.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој проклет Арсо! Вепар, огнен ветар, врколак! Лозан Перуника ја зграпчил секирата од земја и му ја забуцал в тил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тревникот беше обрабен со цветни леи, главно со перуники и кринови, првите веќе прецветуваа, а вторите беа во полн цут.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)