перспектива ж.

перспектива (ж.)

За Мисирков, којшто ги имаше предвид конкретните услови во својата татковина и можеше да го согледа развитокот на својот народ во блиска перспектива, таквиот став беше наполно неприфатлив и историски анахрон, особено кога и лично добро ги познаваше националистичките методи и средства во воспитувањето и во српските, и во грчките и во бугарските училишта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ваквата перспектива, која ја одбрал авторот, всушност им ја ограничува на ликовите можноста да го разјаснат цинизмот на војната.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Станичен перон во птичја перспектива. Сивило на есенски ден, некакво синкаво испарување и едноличен, речиси зарипнат женски глас: ВОЗОТ ЗА БЕЛГРАД ПРЕКУ КРАЛЕВО ПОСТАВЕН Е НА ТРЕТИ КОЛОСЕК.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Авторот на делото успева да ги хармонизира овие две крајности, останувајќи до крај внатре наративна перспектива, односно опфаќајќи доволна наративна градба за творечкиот свет да биде целовит и јасно дограден...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Анализирајќи го сето тоа од денешна перспектива, од една временска дистанца која не е толку мала, ние можеме со сигурност да тврдиме дека репортерските записи на Никола Кирков влегуваат како интегрална составка на драматичните општествени, социолошки и културни процеси на времето што е мотив на овие новиварски анализи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гондолата пловеше бавно, така што од невообичаена перспектива можеше да се посматра и запознава градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во непосредно соседство на големата езерска вода, привлечени од нејзиниот чудесен блесок и многу повеќе од градскиот вријавец и широките перспективи што тој ги отвора пред нив, пасквелчаните во крајот на втората книга стремглаво ќе се сјурат кон езерскиот брег.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја откривам сликата од перспектива на детската меланхолија – дедо тивко се движи низ собата, гледајќи ме, потоа го раскрилува прозорецот, бучавата од улицата допира до мене, постепено, неумоливо губејќи се, тие проѕирни моменти што постојат само во еден сегмент на нашето минување, а чии траги се одблесоци, одзиви на нашата тага.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И сега еве го времето како наидува да ми укаже на ограниченоста на мојата перспектива со оглед на која сум создал.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Козарите мораа, во блиска перспектива, да станат работничка класа! Така беше согледано и наредено од најодозгора.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постарите браќа, како што израснуваа, подземаа од семејните обврски, откако ќе изучеа некое средно училиште, најчесто медицинско или техничко, веднаш се вработуваа, отворајќи перспектива најстариот да студира. Повеќето се определуваа за медицина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаме разлог да се надеваме дека денес можеме да се задоволиме со овие микролошки перспективи кои би можеле конечно да ги потиснат застрашувачките амбиции на критичкото нивелирање, инаку, издиференцираните слики на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Врските меѓу литературата и филозофијата се покомлицирани отколку што, се чини, мислат оние што ми противречат. Од ваша перспектива значи нема инкомпатибилност помеѓу разни жанрови?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Следуваат некои од „тераписките“ практики образувани според оваа перспектива.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Вистина ли е дека сѐ е прашање на перспектива?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оваа перспектива не би требало да се меша со онаа која вели дека нарациите функционирааат како одраз на животот, или како негово огледало.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од оваа перспектива, газот на светот ќе ти изгледа како Палма де Мајорка. Разбираш? Мој совет ти е да го припазиш твојот газ.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Марија „крената на облак“ е Богородица на Вознесението и, навистина, како во традиционалните иконографии поврзани со Вознесението на блажената Девица Марија, „Големото Стакло“ е поделено на два дела, земен и небески: на горната половина, облакот со трите квадрати (облакот на Светото Тројство), ја прифаќа “mariee” или “Marie”; на долната половина паралелопипедот во перспектива (во средината се наоѓа Марија која се вознесува), потсетува на празен саркофаг од сцената „Вознесението на Марија“, околу кој се собираат сите присутни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според нив се нацртани неконцентричните примери со поинаква форма, кои со ротирање создаваат илузија на спирално движење, собирајќи се кон средиштето и повторно ширејќи се кон рабовите на дискот, така што перспективата која истовремено се губи во просторот, се проектира од платното во насоката на гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе