пепелник м.

пепелник (м.)

Ја исчистив собата од неред и чад. Ги исфрлив опушоците заедно со пепелникот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
...тој е во полумрак, до ѕидот, завртен со грб, делумно засолнет од масата со пепелник, кесе полно со јаболка и грамофон на кој се врти блуз.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Си ги подгорувам прстите, ги полнам пепелниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа сигурно нешто ќе заборавеше пред тргнување, ќе се враќаше да ја заклучи вратата, да провери дали го исклучија плинскиот шпорет или можеби ја заборавила цигарата неизгасена во пепелникот и ќе стигневме токму во моментот кога возот тргнува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Угаси го светлото и запали свеќа – со палтото во рака, се повлекува во бањата. Свеќата ја залепувам за пепелникот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Хорацио долго го гмечи догорчето во пепелникот од претходното седло: - Чудни се жените.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ги кинам: на масата пепелник, во пепелникот доларче.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Прерано ја прозре пролетта. Презимуваше во премногу глави, ги гасеше утрата во преполн пепелник. Ги распоруваше моделите, ноќите, годините...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Дебели мажи набутале пури во пепелниците.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Точно е, ги има многу намалено цигарите, и кога ќе ја фатам на дело, според бројот на догорчињата во пепелникот, дека претерала, таа има израз на лицето како дете што го откриле во некоја забранета работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во пепелникот чадеше втората цигара тоа утро и чувствував како од тие први цигари срцето позабрзано ми чука.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За среќа, пепелникот поминал покрај главата на провокаторот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Зоре, разумно суштество, само ги подигна трите празни филџани и пепелникот полн со догорчиња од соседната маса и со неизмерната полунасмевка влезе во кафулето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На ниската масичка пред неговите колена имаше само еден преполн пепелник и едно преполовено пивско шише.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И таа, како јас некогаш, ги барала страниците со специфичните белези, бидејќи Татко, задлабочен во читањето, заборавал да го истресе пепелот во пепелникот којшто Мајка го оставала пред него и го потсетувала на него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Грдан чукна на првата врата од ходникот на администрацијата, во која имаше и пепелници до клупите како плукалници во чекална на забна амбуланта, па иако не слушна некој да му одобри да влезе ја притисна кваката и ѕирна внатре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги бараше страниците кои беа обележани од пепел­та на Татковите цигари, која тој не стигнуваше, занесен во читањето, да ја истури во пепелникот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Наоколу беа видливи остатоците од минато вечерната седенка: отпушоци од цигари, наполнет пепелник, тук- таму понекое парче залутана пепел од многубројните цигари, празно шише од најубавото македонско вино, и нечисти чаши, на кои останале отпечатоците од прстите на гостите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зошто мора пепелникот да се празни на ѓубре кога може и вака. (Со раката го грабнува полниот пепелник. Го превртува врз масата.) Мора да се тера внатрешната слобода. (Пауза)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Повеќе