Пелагонија (име.)
Во некое списание, наменето за ловџии, или во весник било, пишувало дека порано, пред што младинските работни бригади ги исушиле мртвиците и блатата, во Пелагонија, во Ларинско, Битолско и Прилепско Поле, а тоа значи и во Потковицата, живееле над 400 видови птици, но дека сега биле сосема изретчени па се предлагало, или сами властите предложиле, да се направи некако да се обноват мртвиците и блатата за да се вратат птиците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш за божиќните празници, допуштено беше да се улови и убие и најсветата птица, гугутката, или уште како што ја викаат во некои Пелагониски краишта, во Леринско, галицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На втор ден Водици, или уште како што ги викаа во сета Пелагонија Женски Водици (дека за разлика од првиот ден кога на посета кај роднините и светијоните оди машка челад сега одат жените и децата) во 1857 година, кога го закопуваат Ангела Јанчески, последниот старец од петтото колено броејќи наваму од населувањето на првите Турци во Потковицата, гробиштата на Рамник на Горник се прилично намножени и може, мерено од око, во должина и во ширина покриваат простор и до триста метра.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Виштат, топотат чужди коњици долж езерото, околу тврдините на Асамати и Пелагонија.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)