патријарх (м.)
Нам ни треба внатрешно обединување меѓу себе: не ни требаат во Македонија ни Срби, ни Бугари ни Грци, зашто не сме ни едното, ни другото ни третото; не ни требаат патријаршисти, егзархисти, зашто ние сме само православни христијани.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Патријаршистите се признаваат од Турците за Грци-уруммилет, а од Србите и Бугарите за Срби и за Бугари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А до кога едни Македонци се кажуваат патријаршисти, други егзархисти: едни Бугари, други Срби, трети Грци и го бараат покровителството кај различни балкански држави, давајќи им со тоа право да се бркаат во македонските работи, до тогај не може да се мисли за општо востание: до тогај ќе биде само парцијално: со бугарски, српски или грчки, но никако не со чисто македонски карактер.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од друга страна, пак, знаејќи ја улогата на верата во организацијата и општеството, Мехмед ја обнови Пеќската патријаршија и за патријарх го постави својот брат Макарија. Со тоа си го осигури своето влијание кај српската раја.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На другиот ден, (на 318-т отци) одржав подолга реч храбрејќи ги малодушните, пробудувајќи ги заспаните духом, посветувајќи го народот во неговите црковни права, опишувајќи ја сликовито подмолната клевета врз основа на која патриархот Самоил ја укина архиепископијата Јустинијана I.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И со тој непостојан допир меѓу него, патријархот на Европа, и тој кинески роман, со тоа чудно чувство на сродност што го проникнало, со таа врска исткаена наспроти сите разлики, повторно се откри способноста на духот да се прелие преку границите на општеството и историјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но тогаш одново патријархот извика анатема! Анатема!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Пееја химни и псалми во своја чест, следени од литија, попови, и патријарси, од лажни богоугодници и фарисеи.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Влезе во црквата стрештен. Повеќе од шеесетина насликани фигури на најистакнати патријарси, епископи и ѓакони го гледаа човека од сите делови околу олтарот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Останале сираци, без македонски патријарх, така било пишано.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тоа беше тажна песна за Охридската Архиепископија, во која се раскажува една вистина за смена на македонскиот Патријарх Арсенија со грчки.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Зарем светот не е таков создаден од Бога? Зарем Книгата не е полна со важни личности и со безименото мноштво, со првенци и со оние другите, останатите, безименото множество, со патријарсите и со нивното масовно човечко стадо, дури и во самиот состав на избраниот народ...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Напред оди предводникот држејќи во цврстата десница моќен пастирски стап по примерот на Мојсеј, патриархот на избраното божјо стадо на Израелот, номадскиот народ што го сочинуваат илјадници старци, мажи, жени и деца.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од него се сочувани до денес некои поважни објекти, но сепак опстојува како центар на православието на чело со свој Вселенски Патријарх. ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Царската круна ја примил од српскиот патријарх Јоаникие, трновскиот патријарх Симеон и охридскиот архиепископ Никола. По крунисувањето ги освоил Епир и Тесалија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Милан формално беше глава на семејството, патријарх, но Кети беше неоспорно газдарица во куќата. Ѝ се чинеше дека сите предмети се свесни за ова, како да беа задоволни од тоа, па дури на некој начин, одразуваа еден дел од олицетворението на Кети.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На чело на овој најголем православен (румелиски, односно ромејски) милет бил патријархот, односно милет-башата, кој живеел во Цариград, во местото Фенер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)