патешествие (ср.)
Жената, со топли дланки врз распупените дојки, шепоти благослов за неговото неизвесно патешествие во царството на чкрапјите, влакнестите пајаци, лукавите аждери.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Конечно, по две недели од патешествието во Рајнбек, таа ме повика во својот стан. На пијалок, рече.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дека оној човек, кој ги полева леандрите во дворот, не е татко ти туку некој негов двојник кој доаѓа да го замени додека да се врати од неговите патешествија, ако воопшто некогаш се врати.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Славејот, пупунецот, врапчињата, фениксот, колибрито, сето тоа птичје царство станува огромно гнездо - упориште од кадешто жиците на виолината емитираат звуци. Патешествието е веќе во тек.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- И се разбира, следеше описот на патешествието со многу многу чудни но прецизни детали...
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Му се придружувам на твоето патешествие - ми ја испрати насмевката Денко Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Син ми како да се беше вратил од далечно патешествие, и тоа лично а не неговата сенка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислеше дека тогаш ќе умре таму, дека ќе ја доживее истата судбина како и Учителот, презрен од своите, исплукан од подбуцнатата толпа, дека неговото земно тело, веќе измачено од претходните патешествија, ќе остане за навек во Светиот град.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Само што ќе го наслушнете
внатрешниот Глас
алхемијата на домот
веднаш тргнувате
ни риби, ни змии
на далечен пат, само вам знајниот
Млечен пат од слатки и солени води
на деноноќни бесони патешествија
во кои го составувате
едниот крај на светот со другиот
па повеќе не е јасно дали егзилот е траума
или радост на преселбите
да се биде
и таму, и ваму
од светот да се направи меѓусвет
секогаш да недостасува нешто суштествено
од едно и едно да се направат три
носталгијата да биде дискретна смисла
на опстанокот
која ревидира сѐ и повторно ги дефинира
и селидбите, и враќањата
и татковината, и туѓината!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Е, сега дојде време кога ние децата од три до 12 години бевме протерани и така го добивме името - деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Јас имав 10 години, но се сеќавам на секој детаљ од тоа патешествие.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
(Патешествијата на Кривошееви и на многу други фамилии раселени од огништата во Грција до болка се раскажани во романите на Ташко Георгиевски... во Плочата на животот е објавено и писмото што дедо ми Борис од Ташкент и го пишувал на баба ми кога таа со неговите три сина живеела во Гаково).
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сите сме фрлени во овој несовршен, енигматски, интригантен свет, без каење тргнуваме во потрага на судбината, без никој да не праша дали сакаме да бидеме дел од непознато патешествие наречено живот чии крај е смртта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Така пишуваше во дневникот, со нејасни букви, зборови... сплетки на моето и твоето минато, од сопствените патешествија...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Овој пат нивното ново патешествие беше во Грција.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Може, љубов моја! Но само под еден услов. Во планирањето на тоа наше патешествие за паметење да учествувам и јас.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Петти предзнак Размислувам, ова е патешествие со чудни знаци, што бараме тука, зад грбот на сите, зад грбот на Бога.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Утредента Јана се враќаше во Бечеј, а Томо и Рада во Куманово, завршувајќи го своето двомесечно патешествие.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Оставете звуците нека ткаат песна волшебна од неговите патешествија...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Повторно ќе бидам искрена и ќе откријам уште едно од моите патешествија со Змејко.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)