парталко (м.)
Ете, кај Дамчевци се настрвил Булиман; нема недела да не дојде со десетина парталковци, маната на лов по Лигураса, слегуваат долу в село и со дни и недели беснеат со таа кучка — ќерка му Ѓурѓа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зошто се смееш, кому се смееш, парталко низаеден!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во зачаденото жржорење меѓу наши познати брадосани парталковци, некои од нив со нож во појасот, луѓе на кои кафеаната има станала вистинска татковина за која се врзани сите нивни романтичарски прчења, очајувања или нејасни радости, Ибраим Ибраим ме обогатуваше со нешто одамнешно што секогаш, и додека се слуша и подоцна, излгледаше дека е измислено, исградено како мисловна архитектура со врелина и недостижна фантазија никната од почвата и дарбата на старите раскажувачи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Пред многу години, пред вие, парталковци, да бидете родени, можеби и пред вашите татковци или дедовци, живеело на земјава човече со тртка на носот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Можеби, - прошепоти таа – оној парталко, Нероден Петко, нема врска со сево ова, иако, очигледно, лаже.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- Јас!... се исперчи парталкото – Само јас! Јас и никој друг.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Во неа авторот, Борислав Станковиќ, ги опишува божјаците, скитниците и парталковците на Врање од своето време.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Има право мајка Перса, што си докажувам кога се облекувам како парталка?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)