паркира (св. и несв.)
Токму тука нашите луѓе ги поставуват шаторите, ги паркираат приколките, зашто тука уште не се наплатуваат такси, за ова или за она. Се сместуваат и - летуваат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Меѓутоа, фрапира фактот што двојно повеќе се паркирани по истанбулските улици, а на некои места дури и на тротоарите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Имаш мајка? - ме праша момчето што незабележано ми се беше приближило од зад грб додека се обидував да го отклучам катанецот од велосипедот „паркиран“ пред нашата зграда.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Бевме љубопитни и тргнавме по Љупчо. Скршнавме лево од главната улица, па десно зад големата зграда. Таму беа паркирани неколку автомобили.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во шест часот веќе се возеше на работа, а кога стаса го паркира автомобилот во големиот двор каде сите други исто така ги паркираа своите автомобили штом ќе изгрееше сонцето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Пред главниот влез е паркиран син светнат фијат, на кој наместа се гледаат рѓосани метални делови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Подалеку е паркиран руски џип со медицински ознаки.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога заминуваше, Марија го испрати до колата, која беше паркирана недалеку од куќата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И одеднаш, додека Земанек јуреше, под едно дрво на Зајачки Рид, го здогледав паркиран џипот на Фискултурецот; поминавме крај него толку брзо, што ми се стори дека само во еден блесок на фарот ја видов главата на Луција зад прозорецот; му реков на Земанек да застане; тој се двоумеше, прашуваше зошто, и јас му реков: „Луција е внатре со Фискултурецот“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се прикрадов до грмушката на десетина метри од оревот и видов: под оревот беше паркиран џипот на Фискултурецот, со регистерската табличка што добро ја знаев: С-909.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Долу, под насипот по кој врвеше пругата, десно од нас, под еден орев, беше паркиран џипот на Фискултурецот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како што е претпоставувачки и дека: - пријателот - црнец на гл. јунак е или судија, или шеф на полиција или партнер - детектив и често погоден од злосторничкиот куршум (се разбира, незаслужено) умира во прегратката на својот другар; - кога јунакот (со неговиот пријател - црнец) го паркира својот автомобил каде било, на пр. во преполнетиот Њујорк, секогаш има слободно место;
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се паркира пред кафеаната „New age“: и отидовме на ракиичка. Онака кејфски. Со таратур.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тука ја паркира колата на ширинката над патот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Автобусите доаѓаат на пероните без часовници, се паркираат, шоферите цевчат „скопско“, па си заминуваат, патниците се туркаат пред и во автобусите, порануваат, задоцнуваат, а никому не му е гајле што единствениот јавен часовник на единствената меѓуградска автобуска во Скопје некогаш, некое утро, запрел на 8 и 23.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Одамна ја немам видено неговата ноќна панорамска разгледница од замаглен автомобил паркиран на Паркингот на презервативите на Водно.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пред неа беше паркиран само еден шлепер, а внатре сите маси празни, освен една.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)