панталонче (ср.)
И двете деца беа облечени во сини панталончиња, сиви кошулчиња и со црвени марами околу вратовите, што беше униформа на Шпионите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На панталончињата имаше огромна кафена дамка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се фатив за џебот од панталончињата да проверам дали парите ми се сѐ уште таму: таму беа, проѕвечкаа кога ги притиснав.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ме гледаа од глава до петици и завидуваа на секоја совршена пора од моето тело, облечена во златните сандалчиња и куси тексасни жешки панталончиња.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Кратките црни панталончиња кои продолжуваа во слабите долги нозе во комбинација со црвената маица која ги имаше притиснато малите гради и долгата бела цигара, од неа правеа вистински лик на заводничка од цртан филм.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)