отстапување ср.

отстапување (ср.)

Јадоа сватовите, пиеја, играа, фрлаа пушки пиштоли, изгореа петстотини ракети од разни бои, — и за напад, и за отстапување, и за примирје, — и веќе предзори едни си разотидоа, други капалдисаа и позаспаа околу трпезите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Фрли, дури кога успеа да дочека да го види тој огромен ѕвер, со онаа ужасна тврдоглава тупост во секое свое движење, со една таква тупа решеност, во тоа како беше насочена кон него, пред која како да не постоеше никаква можност за скршнување, за отстапување, со една тупост, со која таа би продолжила да иде право кон него и кога би била мртва, на тоа место, на педесетина чекори од него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И овие двајца луѓе, загледани во оној до печката, што немаше на себе мека карирана кошула, што беше облечен во волнено и тврдо исткаено, какво што носеле отсекогаш луѓето во овие краишта, имаа едно чудно чувство за некакво не начнато задоволство, што се има обично по некоја свршена работа, која била претешка за нив, но која тие сепак успеале да ја свршат добро, да ја свршат онака, како што сакале без ниедна трошка, без ни еден збор отстапување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По нив аскерот, a по него се спуштија четниците и уште со понекоја запазена бомба го скинаа и овој кордон, како оној на Маргара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Генерал Маркос вели: ни педа отстапување од овдека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој пресврт го означи текстот Зошто социолози?: ќор-сокакот на знаењето, вртоглавицата на незнаењето (то ест, во ист момент, апсурдност и невозможност да се акумулира некоја вредност во рамките на знаењето), се движи како некое апсолутно оружје против самата власт, за да ја урне сообразно на идентичното вртоглаво сценарио на отстапување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Единствен исклучок беа дадаистите за кои детството, повеќе отколку класичните естетски извори, беше поттик за отстапување од социјалните норми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Можеби оваа техника Хичкок најдобро ја искористи во „костимираниот” филм Во знакот на јарецот (1949), кој не беше вистински трилер, па поради тоа беше и отстапување од правилото, а кој комерцијално пропадна, веројатно заради тоа што никој не очекуваше ваков филм од Хичкок. (Од тогаш Хичкок тврди дека не сака „костимирани” филмови, бидејќи: „Не можам да замислам како во костимиран филм некој може да оди во бањата”) . •Како ќе го дефинирате чистиот филм? •Хичкок: „Чистиот филм е спојување на комплементарните делови на филмот во една целина, како што мелодијата е спојување на музичките ноти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во оваа точка го правиме отстапувањето од Дерида - кому, се разбира, пак ќе му се вратиме затоа што целиов текст всушност е рециклажа на некои негови ставови: мултимедијалноста, оној „етер“ меѓу медиите во акција, е таа деридијанска рамка, parergon.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На шест години - една година пред време, со специјално отстапување од правилата - тој станал член на Шпионите; на девет години веќе бил командир на одред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кон крајот на 1941 дошло до разбивање и расформирање на партизанските одреди, но тоа не значело и отстапување од генерално прифатената линија за оружена борба против окупаторот и колаборационистите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Конкретно, со измената и дополнувањето од 2008 година парични- те казни за агенциите за привремени вработувања се зголемуваат од 100.000 до 200.000 (околу 1.600 до 3.600 евра) на 2.000 до 4.000 евра ако ги прекршат одредбите од член 18, односно: ако го прекршат склучениот договор за отстапување на работникот помеѓу агенцијата и друг работодавач и договорот за вработување склучен меѓу агенцијата и работникот кој се отстапува на друг работодавач за замена на привремено отсутен работник; доколку не се формирани според критериумите пропишани во законот; доколку почнат со работа без дозвола или вршат работа за привремено вработување надвор од земјата; доколку склучуваат договори за вработување над бројот на договорите за кои е издадена лиценцата; доколку платата на отстапениот работникот е помала кај работодавачот корисник на истите работи; доколку бараат надоместок за услугите од лицата кои ги вработува итн.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сметале дека може да има отстапување од тоа, но само во случај "ако власта во Србија во иднина помине во рацете на поненационалистички елементи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како трета солуција ја нуделе можноста да се „направи возобновување на предлогот даден на Бугарија од силите на Антантата во 1915 год. за отстапување од Србија на Бугарија на неколку области источно од Вардар“ што ќе зависело, пред сѐ, од „размената на делови од населението од југословенска Македонија кои сакаат да ја преминат новата гранична линија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Истовремено од југ, од насоките на селата Косинец, Лабаница и Смрдеш и од север, од Клештина, долж грчко-македонската граница во насока на Герман, иако со голем загуби, владината војска прави напори да го затвори патот за отстапување, преминување во Албанија и со тоа земање во силно стегнат обрач на сите единици на ДАГ од целиот реон на Вичо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ленин ова ќе го оправда со ставот дека отстапувањето од граматичките норми во однос на невештото служење со јазикот, се разбира, вклучувајќи ги тука и заемките, е рамно на партиска девијација во животот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наредувам: по секоја цена! Отстапување нема....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Единствено дополнување кое овде е важно од аспект на работничките права е тоа во измената од 2013 година каде се менува ст. 5 од чл. 9 на ЗАПВ и како еден од условите за престанување на важењето на лиценцата на агенцијата и нејзиното бришење од регистарот на агенции за привремени вработувања се наведува дека „ако на работниците со кои агенцијата за привремени вработувања склучила договори за вработување не им исплатила плата и уплатила придонеси од плата над три месеци, а за тоа не го известила инспекторот на трудот или платата не ја исплатува, согласно со закон, колективен договор, договорот за отстапување на работник и договорот за вработување.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Обврската за исплата на надоместокот на плата, поради горенаведените причини, кај работниците, кои со договор за отстапување преку Агенциите за привремени вработувања се отстапени кај работодавач - корисник паѓа на товар на работодавачот - корисник (чл. 1 од ЗИДЗРО/март.12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)