отскокне (св.)
Итро отскокнав чувајќи го лицето.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ја турна од себе, таа падна назад, а борината ѝ отскочи настрана и не се угасна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Утредента, додека сонцето сѐ уште се готвеше да отскочи на небото и да продолжи да ја пече жетвата, дедо Бошко, онаков сув, висок и подгрбавен, излезе од дома.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Славчо се наведна да го фати. Зракот се лизна и отскокна подалеку од него.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
МЛАДИЧОТ: (Скоро отскокнува од навреденост.) Вие не ме познавате мене и јас со ништо не сум Ви дал повод да се сомневате во мене.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
На отворањето од вратата Луков отскокнува и го управува револверот кон вратата. Методи застанува.) Сам ли си?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
И карпата разбрането се витка под чеканот. Не сеќава ни звук, ни тврдо отскокнување од камен.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Вечерва удираме в темел. Наеднаш длетото отскокнува од некаков метален предмет.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го гледа зарчето како отскокнува од јадрата црвена рака, се превртува во воздухот и за миг ја остава трагата на својата белина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Онаа голема, распафтана мечка, отскокна од неговиот истрел, се подигна на задните нозе и остана така, исправена суза, погодена и згрчена, во едно морничаво превивање, во кое што болката бликаше многу посилно од секаков вик.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Идеше бавно, не ни погледнувајќи во него, пречекори уште десетина пати, без и да го забележи неговото застанување, а еднаш, кога се доближи толку многу што тоа му заприлега на некој вид самоубиствена решеност на сѐ, волкот се стаписа и тој миг отскокна назадечки, како попарен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се доближи полека, прикрадувајќи се, на она место, го подигна предното ноженце божем да пречекори уште еднаш, но ноженцето сега сосема само се врати назад и срнчето отскокна пак, сврте неколку пати поигрувајќи по собичката, секогаш повторно доаѓајќи од она место и секогаш сѐ побезумно отскокнувајќи назад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Отскокнувам со нозете и ги кријам ушиве, што одамна премрзнаа и веќе не ги чувстувам.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Од исток сонцето беше отскокнало еден остен.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
На исток ѕвездата Деница беше отскочила високо. Ралиците го губеа својот сјај, а Квачката одвај гледаше.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Еднаш кога Билјана ја фрли високо, превисоко, топката удри на асфалтот, но толку силно отскокна та се најде зад оградата, во дворот на новото дете.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Секирата просто отскокнуваше, немоќна да завлезе во цврстото дрво на трупецот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Црната сенка отскокна врз белиот снег, испуштајќи стравотен рев, па брзо, меткајќи се лево-десно почна да се повлекува назад.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Лежејќи замавнав со нога. Отскокна и го бутна триножецот со празен чанак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едноставно, лешникот, онака заоблен, мазен и тврд попрво би отскокнал отколку што би се распукнал од ударот, сечилото само би го допрело и би се одбило, освен ако не удри точно во онаа точка која е самиот, најосамен врв на лешникот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)