отрезни (св.)
66. Бератите за владици се дадоа и ние заслепените Македонци ѝ поверувавме на Бугарија оти таа со нејзината „самостојна“ политика ништо друго не прави, туку одржува политички победи и нѐ облагодетелствува нас Македонците. – Арно ни ги замачкаа очите. – Но не поминаа ни 5-6 години кога се отрезнаа Бугарите од своето занесување во „самостојната“ политика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во главата му лежеше тежината што му пречеше да се отрезни наеднаш и да ја сфати својата положба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Добар ден; - ме отрезнува непознат глас. Се свртувам.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Утредента, кога ќе се отрезнеше Лоте, молчешкум со куферот в рака минуваше низ селото враќајќи се во оние места од каде што доаѓаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога го отрезнија со вода, го прашаа повторно, а тој, покажувајќи со главата кон Андромеда и Венера, рече: „Го отепав за да им ја смирам душата на овие гадови!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Откако ги изнатрча и испоти, Геро ги пикна во езерото да ги олади и отрезни.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Овој извик на мојот другар ме отрезни, но истовремено го почувствував и како нов убод во моето веќе рането срце.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Уочувајќи го фактот дека поголемиот дел од населението за кратко време се отрезни од „ослободителна мисија“ на бугарските војски и станува сѐ понезадоволно определувајќи се на страната на НОД, бугарскиот окупатор превзеде разновидни мерки, прво „мирољубиви“, а подоцна брутални со цел да го оневозможи и во корен да го ликвидира НОД во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Студенилото во неговиот глас речиси ја отрезни.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Коматот стаса со печењето дури по два часа, а кафето им помогна колку да се отрезнат и да знаат што јадат, пред да почнат да ја навредуваат недолжната домаќинка.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Т не доби никаков одговор. Молкот како да го отрезни од занесот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Дури и стручњаците сакаа да разговараат со него, го сметаа за иницијатор, за интелигентен, за исклучително симпатичен, сѐ додека не ги отрезнеше шокот по неговата операција за олеснување на ќесето, зашто тој не пустошеше само кај роднините, туку своите подмолни замки ги поставуваше секаде каде што му се чинеше дека ќе има полза од тоа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По испиеното кафе, колку толку за отрезнување, откако Климент Камилски грациозно ѝ бакна рака на Луција, со манир на стар париски кавалер, замина со Сотир Паскали да ја води последната битка со париските книги, подготвувајќи ги за пат кон Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)