отпара (св.)
Одвај ја дочекува муграта. Си ги отпарува рабовите на минтанот. Ги вади проклетите лири.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Сакаш ли да имаш мир и живот? Отпарај ги зашиените рабови од минтанот. Дај му ги лирите на шефот да ги чува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јон зборува над мене, а мене ми се кине мевот, ми се отпарува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како да немаш што да облечеш, зарем не гледаш дека пантолоните ти се отпарани назад?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тоа уште посилно замекало, пришиената кожа се отпарала и од неа излегло козлето. Настанал пекол во куќата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Отпарај, мајче, отпарај, конец од веленцето и со него да го бележиме патот за в дома... трагите прашина ќе ги покрие; патот водје ќе го излокаат... парај конец од веленцето за да знаеме по кој пат да се вратиме дома...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)