освета (ж.)
Тогаш сите планови ќе пропаднат и можеби конечно ќе останато овде во мрежата на осветата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Под маската на љубопитен ентомолог, Петар Бем го спроведува својот пеколен план на освета.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Овој камен одгатнувал народи кои ја напуштале историјата, ја обликувал силата со која напуштените огништа станувале освета, им ковел мечови на воините и сам носел меч, но никогаш не се вратил понижен од војните.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И колку што таа повеќе се бранеше, толку тоа нему причинуваше поголемо задоволство и осветата му беше помала. Се чинеше дека ќе ја разнесе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Сиот Израел, нашите родени браќа нѐ поразиле кај Гибеја, за потем да поништат сѐ – жени, деца, старци, по сите наши градови и села, се водени од желбата за освета, за крв“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не гледај ме така. Ме мразиш? Фрли ми жива сода во очи. Класична љубовна освета.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Минатото е ниска од за’рѓани алки
потресни собитија
единствени по своите
димензии, па и тежест
како на пример –
масовни ослепувања
оргии во знак на освета
погроми, пожари, помори
земјотреси, ерупции
покрстувања, исламизација
елинизација
царство на конверзиите
на озаконети незаконитости
родоскверности, чедоморства
завери и трагикомични
сценарија,
сѐ на сѐ
ОВДЕ
историјата е
горопадна
гротеска …
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)