осакатен (прид.)
Млак бол, распливнат во неговиот тил и некај да се впие во него како болот на осакатениот палјачо.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Проклет да бидам, се спушти крај неговото постелче, видовме рака му стави на челото, нежно го помилува по осакатеното лице.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Својата осакатеност ја прими некако мирно. Не се жалеше.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Осакати! Посеј во нив малодушност. Осакати за да се плашат од нив и осакатените!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Убијте ме, ревел офицерот, убијте ме, и со силни удари на сабја го касапел мртвиот Татар или Монгол или Черкез сѐ додека не паднал сличен на огромен осакатен инсект, црн и крвоглав.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Имаше едно осакатено и исушено стебло веќе сраснато со земјата и едно друго, здраво и високо уште од пред Исуса.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Можно ле е, прашувам, еден осакатен труп да фрла сенка долга до црквата?
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Старчето се грчеше меѓу нивните нозе и ми личеше на осакатен јазовец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Куќата личеше на осакатен човек испотпиран со патерици: телото му е скапано, а сѐ уште дише...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кобнички гракна гавран, потоа веќе знаев дека со кусо и болно повторување чкрта бунарски чарк, квичи осакатен пес и се заценува дете, и сето тоа достасуваше до мене и пак се оддалечуваше, се гаснеше или тонеше во некоја тишина чии ластари се испреплеткуваа околу мене.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само Калето опстојуваше во времето, макар и тоа растресено и осакатено од земјотресот, со разурнатите жолти касарни во кои, на крајот, беше сместен Музејот на Револуцијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Заеднички ја споделуваа болката за загинатите, за осакатените, за опустошените села, за изгубениот имот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
За разлика од бомбата наменета за гимназијалците, во меѓуетничкиот конфликт на почетокот од милениумот, оваа бомба не остави последици од типот на починат просјак (кој скапо го плати пребарувањето по училишниот контејнер) и осакатена продавачка (која малку поевтино ја плати близината на пренхранбената продавница до училиштето).
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ама изгледа не се чуваа и некои дури по една недела ни се враќаа уште повеќе осакатени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја враќаме младоста на една цела осакатена генерација и си разговараме за поразените надежи и стремежи и во грлата секој изречен збор ни горчи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Рушветот стана институција, а вистинските инвалиди не можеа на ред да дојдат од морално осакатените грабливци.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Кога нашите идеи и мисли ги гледаме низ призмата на физички облик, го пишуваме законот за непишани правила патот до материјализираната теорија, оставајќи ја рационализираната практика за филозофите, кои црпат од сопственото искуство, некогаш осакатено од забот на времето...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Тие што физички ќе преживееја, завршуваа со осакатена душа. И тоа најмногу поради вината на кодошите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Затоа, нараторот мудро вели: Секој од третираните турцизми беше свет за себе, со свое минато, осакатена сегашност и неизвесна иднина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)