орлица (ж.)
Река небесно- сина. Орлица над Јудовито езеро.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ортома: меѓу орлица и орница шарена змија, стебло со рани и засеци.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Во Речникот на македонскиот јазик три збора стојат едно под друго: Орлица, само гледа и само памети, наизуст ги знае имињата на сѐ што било загледано нагоре.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Глас на епските ѕвона што се слуша ноќе, во зол час: високо – орлица, под неа – орница, на ортома меѓу нив – Ти!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Орелот и орлицата се движеа кон сонцето кружејќи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Гордите штркови и силните орли се во вечна вражда и нема господ што ќе ги спријатели - ни штрк се жени за орлица, ни орел за штрклица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)