ореол м.

ореол (м.)

Спомени. Мили. Долгите години ги имаа само разубавено и украсено со ореолот на светост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зар беше важно тоа, каков и чиј е тој бог, кому носи корист, кому пропаст, дали тој има чалма или златен ореол околу главата, дали е облечен во турска салтамарка или е завиткан во црвено платно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затоа тој сега тивко се приближуваше до едно чамово стебло, што стоеше на дваесетина чекори лево од дирата, в очи на оние лески и стеблото му беше сѐ поблиску, сето црно и со својот вечен ореол од густа миризба на смола, не смирена ни под тој висок снег, натрупан над неговите виснати гранки, со дебели, крстатни чикери иглички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Инаку, оддалеку карпата личи на некој светец, на кого при зајдисонце и при испарување на водата, на врвот му се исукува голем колтук, ореол, што блеска пурпурно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од ноќната масичка, светилката ја осветлуваше перницата со нежен ореол, кој во бледожолт млаз дотекуваше низ мракот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Вака, и јас би можел да се здобијам со ореол, содомизирајќи слатки ангелчиња.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тогаш виделе, слични на повеќебројни апостоли без ореол, како кон грубата маса околу која се стиснале се доближува со нишање на колковите млада жена со јамак за вода.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Фигурата на таткото, ерудит и добар познавач на балканската историја, придонесува за пробив на романескното, на имагинарното на фикцијата низ уверливото раскажување и посебно кога целосно ќе се наложи козарот Чанга, чија сирова добра смисла и приврзаност за селскиот живот ќе придонесат тој да се здобие со амблематски ореол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Предметите направени за масите, со врвен квалитет и во ограничен број, постепено се здобиваа со митски ореол и стануваа етикети на поп- митологијата. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 107
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше тоа испиено еврејско лице, со огромен кадрав ореол од бела коса и со малечка козја брадичка - умно, а сепак некако подмолно лице, со еден вид сенилно лудило во долгиот тенок нос, на чиј крај стрчеа чифт очила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ореолот на илегалната борба и на граѓанската војна сѐ уште бледо ги осветлуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој пасос бев рекла дека таквата десакрализација знае да настапи непредвидливо и молскавично и дека на следбениците на водачот дотогаш издигнат до степен на Божество, наеднаш ќе им потемни светлината на неговиот ореол и тие ќе останат бесни на себе што до вчера го обожувале.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Разгледајте ја банкнотата од еден долар. Од врвот, одлепен од останатиот дел на пирамидата со ореол (антиракетен штит?), будно нѐ гледа окото на Големиот глобализатор.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ќелавото теме му беше обрабено со ореол од побелена коса, од која сѐ уште понекаде се наѕираше онаа нејзина темна младешка боја.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа единствена реченица, веројатно единствена и во вистинската смисла, излезена од неговото перо, беше достаточна да му придаде во моите очи на својот автор ореол на мислител.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Богородица, голема голема, со златен ореол, во црно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Всушност, и тогашната дипломатијата беше заложник на Титовиот ореол и требаше да се присоберат трошките преостанат југословенски идеал за да се најде смислата на невозможната мисија во одбраната на земјата, која беше однатре контаминирана од латентниот синдром на национализмот на побројните нации, распнати меѓу западниот (про австро-унгарскиот) и источниот (византиско-отомански) јаничаризам...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред мене седеше Роза, опкружена со оној ореол на пренагласената за ваквиот случај стаменост, инаку многу карактеристична за нејзината појава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во тие пресвртни години од историјата на Турција, Цариград сѐ уште го имаше ореолот на престолнина на светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова беше негово второ враќање од Европа на Балканот, по првото, кога се враќаше од Париз со својата диплома на здобиен државен докторат на Сорбона и со ореолот на доброволен учесник во интернационалните бригади кои се бореа на страната на републиканските сили против фашистичкиот режим на Франко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе