организациски (прид.)
— Како, бре слепци, баш ваа вечер најдоте да влезите кога мулазимот од Витолишча со педесет души аскер е в село? — му рече Митре на Илија и почна да се возбудува да не стане некоја штета баш тука, во селото, за кое тој одговара по две линии: како коџабашија пред турската власт, и како организациски човек — пред Организацијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пресвртница во трендот на свет со попорозни граници предизвикан од глобализацијата, т.е. зголемениот притисок за преминување на личните граници (правата на приватност) со цел да се зачуваат организациските и националните граници, беше 11 септември.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Во однос на промените во организациската поставеност и работата на Агенцијата за вработување, овде треба да се спомнат две промени кои се однесуваат на составот на нејзиниот Управен одбор.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Војската, која се одликува со најдобра организациска подготвеност, би можела да ја преземе грижата за евакуацијата, транспортот, лекувањето и рехабилитацијата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)