опустен (прид.)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Поднаредникот беше мртов а тој остана сам, далеку од својот опустен дом, остана сам, загубен и разнишан, бессилен да ја совлада својата болка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Лишен од волја, од желби, празен и опустен, се влечкаше час во минатото час во сегашното.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Низ асфалтот на опустениот Град прелетуваа само рамномерните блесоци на светлечките реклами.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тој сега сакаше да раскаже како живеел и што видел во туѓина и што донел во куферите оставени во опустената куќа од која отиде пред неколку години преку мориња кон непознати земји да ја пресметува во себе големината на планетата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А што поседува тој: опустената родителска куќа (во која брат му, обземен од итрите планови на евнусите, ниту наминува) нема кој да ја чува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Седи на креветот потпрен со перницата на грбот и гледа низ прозорецот: надвор ноќта е темна, опустена без ѕвезди; затворена сама во себе; се оцртува по некое дрво во градината како оглоден скелет; допира грозен глас на петел како фатен за шија.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
ВО ДОЛГИТЕ врели, летни пладниња еден човек врвеше по прашните, опустени улици - сечејќи го градот од едниот до другиот крај.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
2. Стои на брегот морав од залезот Јалов и опустен ќе заноќи како болник на носило од горчлива трева.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)