оптек (м.)
Француските учители многу добро прават што своите воспитаници ги учат да играат карти, јас не би им советувал на родителите да примаат било каков учител, кој нема да ги знае игрите со карти што се во оптек.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Секој актуален чинител се опкружува со кругови од секогаш нови виртуалности, каде што секој пушта во оптек некој друг, а сите заедно го опкружуваат и реагираат на актуалното („во средиштето на облакот на виртуално сѐ уште е виртуалното од повисок ред... секоја виртуална партикула се опкружува со сопствен виртуален космос и од своја страна секоја го прави тоа до бескрај“).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Не веруваше дека го слушнал зборот Ангсоц пред 1960 година, но беше можно дека во неговата староговорна форма - „ Англиски социјализам“ - бил во оптек и порано.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Овие зборови не беа толку многу во оптек во новите времиња, но тие, сепак, остануваа незаобиколни, кога се сакаше што подлабоко да се проникне во тајните на животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во зборовите некогаш во интензивен оптек, и во нивното време, се криеја с уште живи значења коишто не само што можеа да го осветлат некогашниот живот на Балканот туку и некои постојани состојби на човековиот дух.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ако геј- мажите меѓу себе држат во оптек извесни делчиња од главнотековната култура, а во таа постапка им внесуваат полнеж од нестандардни значења и врз таа основа зацврстуваат некоја заедничка култура и некој заеднички сензибилитет, тогаш еден факултетски предмет, на пример, кој ги става во оптек тие конкретни нешта исто така ќе има дејство на геј- иницијација, доколку оние студенти што сè уште не се сретнале со нив ги воведува во многубројноста на можните геј- значења што се притаени во околната култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)