опсервира (несв.)
Во други случаи, како во модерните истражувања на магнетизмот, не сме принудени да даваме нови микротеории, но мораме да направиме нови анализи на статистичките својства и флуктуации за да видиме како опсервираните феномени можат да се изведат од теориите за подолното ниво.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
За да се спроведе овој процес на објаснување мораме да бидеме водени од феномени кои се опсервираат на макро ниво.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Третманот и печатот тогаш беа така перфектно направени што секоја табла можеше да се опсервира како графички лист.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Вие, господине Бузони, ме опсервирате како „андерграунд-гуру“, но верувајте ми, јас никогаш не сум се чувствувал како некој што би можел да врши една таква хипнотичка инфлуенца врз масите, па макар и да се работи за една таква „елитна“ маса каков што е андерграундот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А, всушност, ставен си под лупа, те опсервираат и донесуваат заклучок конзилијарно, без невестата, да не речам млада, дека млада више не е.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)