описмени (св.)
Па го замоли жално татка да го описмени, да го поднаучи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Остануваше описменувањето, но според предвидувањата, не требаше да претставува голем проблем како, на пример, електрификацијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Партиските функционери, специјализирани по козјото прашање, добро знаеја што може да стори неписмениот Чанга со козите, но немаа размислувано што би можел тој да стори описменет, со нови знаења за козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Навистина, бункерите имаа и друго што да бранат: нашиот прастар и автохтон идентитет, нашиот древен јазик, нашиот фолклор, нашето полифоно пеење, нашата изорана земја во цветни алеи и терасести градини, нашите фабрики во кои се произведува од игла до трактор, нашиот целосно описменет народ, ослободен од верското ропство, нашите задруги...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Зашто, ако слободното време и сигурноста беа уживани од сите подеднакво, големата маса човечки суштества, кои обично заглупавуваат од сиромаштија, ќе се описменеа и ќе научеа сами да мислат; и кога еднаш ќе го стореа тоа, порано или подоцна тие ќе сфатеа дека привилегираното малцинство нема никаква функција и ќе го отстранеа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беа утврдени рокови: петолетки, десетолетки, кога земјата рајски ќе расцути, кога до небо ќе се извишат фабричките оџаци, кога ќе се описменат луѓето, кога однапред ќе се утврди колку ќе се произведе, колку нови кадри ќе се образуваат...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Деновиве, во некој од дневните весници, прочитав интересна статија. Насловот беше: „Гаќите - клучни во описменувањето“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)