опипа (св.)
Море, право во Вардар, да се удавам! (Ја опипува главата, ја тргнува крпата со која му е врзана, ја фрла тресејќи се од гнасење.) Еј, Теодосе! Умри, Теодосе, Теодосе!... (Отидува.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ја опипуваа овие погледи неговата снага, слаба и недовршена во растењето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Долгиот со една рака го опипуваше ѕидот а со другата го држеше Глигор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Си ја опипува косата, но таа е загладена и лизгава од брилјантинот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Она што го гледаме е секогаш „речиси“ доживување, но никогаш не можеме навистина да го почувствуваме, да го опипаме.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Се сеќаваше на еден намуртен бербер кој доаѓаше да му ја изгребе брадата од образите и да му ја потсече косата, и на деловните нечувствителни луѓе во бели мантили кои му го опипуваа пулсот, му ги испробуваа рефлексите, му ги превртуваа очните капаци, го пребаруваа со груби прсти по целото тело барајќи скршени коски и му забиваа игли во раката за да спие.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)