омрси (св.)
Ако си умрен за пичка, да те жениме. Никогаш ти нема да се омрсиш со твоето бамјаче.
„Диво месо“
од Горан Стефановски
(1979)
- Па ние одамна не сме се омрсиле, вели Дуко Вендија, може и сега да нѐ причестиш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На прв ден Божиќ пред да отидеа в црква и пред да се омрсеа, секој од домаќинството добиваше по едно врапче.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оти да умреме неомрсени, Теменуго, ќе си блада.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
1. Си идеме од црква, од причесна. Вјасаме, речиси трчаме: по седум недели Велики пости, прв пат ќе се омрсиме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Што не значи дека не се омрсува и некое петле со понизок ранг, од послугата или од соседството.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)