олицетворение (ср.)
Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Кога живеете во сиромашниот Трет свет, а преку оградата е олицетворението на Првиот, со сите свои добра, кои нема да можете да си дозволите со вашата минималната плата?
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Милан формално беше глава на семејството, патријарх, но Кети беше неоспорно газдарица во куќата. Ѝ се чинеше дека сите предмети се свесни за ова, како да беа задоволни од тоа, па дури на некој начин, одразуваа еден дел од олицетворението на Кети.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Овој случај, укажува на тоа дека, теоријата и праксата понекогаш си опонираат, особено кога се работи за спор каде што на како противник имате олицетворение на „Државата“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Мислам дека се олицетворение на нашиот изглед во иднината.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
На школо ним им раскажувале романтични приказни за петлињата: те биле олицетворение на гордоста, те биле весници на изгрејсонцето и на убавиот ден што се раѓа.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Чувството на алиенација ја уби во мене желбата и потокот на мислата пресуши и најубавиот плод на господ Бог во олицетворение со феминистички дух …
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Но уште нешто, Не ме прославувајте постхумно Зашто славата од мермерниот споменик Ќе му ја препишат на некој прочуен вајар Јас ќе сум олицетворение на замрено славје Честитката вреди само кога в очи се гледа А замокот вечен со катанец беден, Се проголтал и се збришал, сал неколку слова...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Татко и Камилски беа свесни дека присуството на турцизмите во балканските јазици означуваше посебен феномен, означуваше олицетворение на еден балкански јазичен менталитет кој бил одржуван со векови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)