околиски (прид.)
За непочитување на законот, и за бесправно вселување во туѓ стан, Околискиот птичји суд донесува решение, прекршителот, врабецот Џивџик да се протера од овој крај.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Беше предложен и тие денови дојдоа документите од Околискиот комитет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Воспитувачот, предобриот Трифун Трифуноски, поет, одговорен раководител на Фискултурната и литературната дружина, со две околиски првенства на крострчање (пролетниот и есенскиот крос) - со еден забележлив републички настап, тринаесетти, изваден во весник, награден со диплома и тие нешта што одат со тоа, - на највозвишен, стоотстотен уметнички начин ни соопшти за денот на аудицијата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Атентато врз околискио начелник беше извршен од него, вистината е таа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јас сум околиски секретар на НОФ. 1.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа му ја извлече кошулата од панталоните друг од градско, односно околиски ниво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Подготовките за Тиквешкото востание ги започнало месното население предводени од истакнати револуционерни членови на Околискиот и на месните комитити на ВМРО.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)