окит (м.)
Окитот ги заличи годините и зимата нема а немирна во мислата: каде Окитот ги заличи надите и овие раце израснати од барање во застани: каде Окитот ги заличи спомените на една зима мраз зима страв па сепак: каде каде
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И набргу самјакот веќе беше скорнат. Отскокна од под смреките, брефнувајќи така, што само во следниот миг сите смреки го имаа изгубено сиот свој окит и застанаа еден миг, затскриен зад нив и зад сиот тој развиорен снег, но сосема добро видлив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шумата, што почнуваше веднаш тука и ги обраснуваше двете високи странки на долината, беше станата сета еден раскошен бел вез, во кој секое дрво претставуваше по една чипкеста плетенка од окит.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И откри дека она, што нему сето време му се чинело како стапки, било само празното трпеливо паѓање на грутките од тој стежнат окит од гранките на буките, едно такво зачестено паѓање на окитот, што се ширеше од бука на бука и што оставаше долу, во снегот околу стеблата, исти онакви трагови, како стапалки од некоја неповрзана дира.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)