озвучи (св.)
Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Полјанката е сега чудесно убава. Прилега на некоја слика, само раздвижена и озвучена.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И замолкнаа старецот и детето, се преселија за малку во мислите во тој иден, убав летен ден, кога планината ќе биде најубава, кога ќе биде украсена со сите бои на ѕуницата, озвучена од грлата на сите птици и позлатена со сончевина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Долината се исполни со ѕвонеж, блеење, набргу потоа залаја и некое од кучињата, така што сивиот зимски ден вака весело озвучен, стана попријатен.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сѐ е озвучено во широкиот простор како од брезова шупелка.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Крај нив сѐ е озвучено Со певлив клуч отклучено, Со блага умилност.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Потоа тие филмски капки во мијалникот, зумирани и озвучени.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Излегуваш од сонот. Ја оставаш ѕвездената кола на патот чудесно озвучен. Ветерот носи јужно море.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)