озборува (несв.)
— Мори, мори, Рожденкината ќерка, ошче во пелените почнала да везе! — ја озборуваа Доста по чешмата невестите чии ќерки ни по десетте години не знаеја ни да везат ни да бројат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не можеше да оди ни до маалската фурна, а да не ја озборуваат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И, секако, ме озборуваат: - Мајкин, малечок, не го пуштаат да излезе...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„А ти да му речеше. Не е другарски зад грб да озборуваш!“ ме пресече Влатко. „Другари сме, не чини така!“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Навистина не разбирам зошто луѓето толку го озборуваат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
А душата моја се тресеше од страв, оти се сетив дека сум прочитал некаде: оној кој клевети и озборува и оној кој го слуша, и двајцата имаат крај себе по еден ѓавол: првиот на јазикот, а вториот во увото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Не е фер да го озборуваме.“ „Не е озборување, туку констатација.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Слугите биле префрлени во „дел заслуги“ во сутеренот, веднаш до кујната и визбата, што е уште еден важен прекин со дотогашната традиција во Англија ( а која ние сега ја прифаќаме како да постоела отсекогаш – во типично англиските крими-приказни, слугите се „долу“ и тука озборуваат, а горе, во холот, батлерот во бели ракавици ги најавува гостите аристократи).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Слушнав дека ме озборувале.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Одамна не сме озборувале никого, а и она драње што го викаш пеење одамна не се слушнало во кампов, од вчера.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Својствата на музиката
му се спротивставува
на календарското време
и начин на живеење;
сѐ подредува на себеси;
од еден и еден прави
еден човек;
не ја злоупотребува искреноста;
ја ублажува сличноста
меѓу несреќата и страста;
ја збогатува крвната слика
на емоциите;
луѓето ги дели по слухот;
процес е кој трае
без оглед на злосторствата
исчезнувањата, паѓањата
во неа емигрираат
немуштиот јазик
и душите
потребни ѝ се помошни средства
луѓе и тишина;
се нуди
во најразлични изведби;
предизвикува природни феномени
затемнување на сонцето
на љубовта, рамноденица
труење со хармонија
музиката е без предрасуди
не озборува, не осудува
избезумува
те заведува, те заведува
и кога си во нејзини раце
те остава сам, со себе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Возрасните ги озборуваа тие проклети арамии кои што таму и таму ѕидаат не куќа, туку палата бе, на три спрата!
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Фалејќи се пред другите, ги озборуваат своите жртви кои се претставени како губитници.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
На моменти, кога беше сигурен дека никој од присутните нема да го искодоши ја озборувше гардата како збир на примитивци и силеџии, но кога требаше Влатче, како што го викаа нагалено знаеше дискретно и шарматно да се пофали со своето гардиско искуство.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
По добрата голтка горко кафе и цигара, Рада конечно се вклучи во „бош“ муабетите на Душка и Роска, станувајќи дел од екипата која озборува без мерка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа им беше силна причина да ја мразат и озборуваат Бојана.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Не озборувам. Мани не наоѓам, ниту право имам.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Зборуваат мажите, ама повеќе зборуваат жените. Помалку зборуваат, повеќе озборуваат.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)