ожали (св.)
А кога во време мала пладнина оттаму, од гората, се разнесе лелекањето на старецот (лелекаше и молеше тој за христијаните паднати во бојот со Турците на Марица и за сите христијани паднати во боевите со нив, лелекаше и ги колнеше Јована Кантакузен и Григорие Паламас, кои, за да се одржат на престолот на веќе разнебитеното византиско царство, се сојузи со нив, со поганците, а тие, пеколниците, кога се нашле едноаш на небранет пат, пред ништо и пред никого немало да запрат додека сѐ не изгореле и не испоганиле) сите го ожалија; си рекоа старецот, оставен сам таму во орманот, се поштукнал од умот и сега гласно си го кажува тоа што не смееше ни да го шепоти додека си беше прикрепен на умот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Затоа, кога дознав, тоа беше набрзо по последната Голема војна, во времето на колективизацијата што ја наредија властите од сета Македонија, дека тамошната задруга, Лазарополската, му ги одзела овците на Рафаила и забранила тие да доаѓаат на зимување во Петочна Вода, многу го ожалија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Надвор толку силно грее месечина, човек може, гледајќи низ пенџерињата во дворот и на сокаците, да ги разпознава стапалките на живината во снегот, и толку е студено - да ги ожали ѕверовите во гората.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)