одработи (св.)
— „Значи, сега Крсте ќе се заборче кај вујка си и после ќе му ги одработува“ — Ц'к, ц'к!“ — си направи таа и му рече да не заима.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беше одработил повеќе од деведесет часови за пет дена, исто како и сите други во Министерството.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мора да одработам два часа за Јуниорската анти-секс лига, да делам брошури или слично.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Седум тажни денови кои јас можев и морав да ги одработам само со иронија.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Во новово време се згоди во едно претпријатие да одработам цели десет години ама правилата на животот се сменија и веќе одамна никому не му се подарува никаков часовник што секако е една од причините некои луѓе сѐ повеќе да се чувствуваат изгубени во времето а нивните души да скапуваат во контејнерите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)