одвратен прид.

одвратен (прид.)

Со одвратност од себе сонот го оттурна она, мислите црни ги гони; но пак ја обградија мачните слики од сонот ноќеска што ѝ се сони. Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева сигурно синот ѝ ќе е!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Гласот ѝ дојде толку познат, толку мил и одвратен, та сакаше до живот да го слуша, и ич да не го слушне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Таа одвратна маска сака во мене да легне да ечи меѓу младите брегови на соништата и да ги исполни со чадот на стравот и на тагата и да ги исполни со чадот на слабоста пред смеи мечти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тие се можеби, чекори на случајни минувачи, а можеби тешките скорни од чуварот на овој одвратно глупав поредок. Да! Во тоа е сѐ.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа си ти, Ана! Најпосле дојде да ги разгониш одвратните измачувања.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тука има само една единствена мечта: да стигне под темелите на одвратниот молох што го крие злото во својот железен стомак.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Утрото, кога ја виде умрената овца веднаш, без негова желба му се наметна мислата да ја расчеречи овцата, да ги храни со неа кучињата, како што правеше понекогаш дедо му, но веднаш потоа таа мисла му се виде одвратна, а сега речиси и не дозволуваше да мисли на такво нешто, па ја одвлече овцата преку потокот и ја закопа длабоко во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бев слаб и често со глава удирав во ѕидот, неретко поради тоа крвавев, но никогаш во себе не носев злоба, таква одвратна тежина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Секогаш мора да расипеш нешто, - си помислив, ловејќи го со лажичето парчето одвратен кајмак што се беше нафатил на површината од шолјата со млеко.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Знаеш што, Молња? - дофрли Абраш пред да ја затвори вратата од лифот, - можеби и не е толку одвратно да се има родители...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми велат планински чај што ми е толку одвратен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако знам дека направил одвратен злостор, не гледам во него ништо туѓо.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
-На пример, таков одвратен факт - почнува тој и ненадејно се преобразува: зазема некаков антички став, бледнее, станува сѐ помрачен, а во неговите очи, кои наеднаш се отворени неприродно широко, се пали чудна мешавина од пакост, тага и демонски начела.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Лена, сѐ уште плачејќи, со одвратност зборува за својата мајка која се премажила за нејзиниот очув.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
2) Опишете предел виден со очите на старицата чиј одвратен и неподнослив маж штотуку починал. Не споменувајте го ниту мажот ниту смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Судејќи според изразот на лицето, тој беше интелектуалец, иако, од друга страна, требаше да се биде внимателен поради густата брада што оддалеку потсетуваше на иње и очигледно беше одвратна за допирање како тркалото за острење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Обично се меша со ментол за да го маскира одвратниот мирис.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Повеќе