одвикне св.

одвикне (св.)

Во неделата се одвикнував од училишните часови, еден ден подоцна, требаше да почне она истото - сè до саботата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас бев штотуку дојден од фронтот, уште груб, острвен, со сета душа потоната во крвје и сосем одвикната од бледите лица на Софија, со нејзините женски тоалети и парфеми...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ќе се вгледаше во полицаецот кој влегуваше во каушот, неспокојно ќе бараше нешто во дното на ходникот, ќе ги начулеше ушите да го фати крцкањето на стражарските скорни или тетеравењето на нозе, одвикнати да одат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни и не според возраста загрижени очи, а после очите на сите мајстори им солзеа, заедно со придушениот плач, измешан со бранливата и надојдената во сапови смеа, на тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јоле убаво им објаснува на луѓето да се одвикнат од простите презимиња. Презиме ли е Мисајле Прпуш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе го одвикнеш ли пијаницата - и тој е готов, се свиткува. Слична работа беше и со Аритон Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Понекогаш изгледа дека другото искуство, она на патетичното исцрпување на мислата и на енергијата за пишување, е поново и почудесно. До каде може да оди ова одвикнување? 14 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веќе ми имаше кажано дека се одвикнал да пие турско кафе, дека таму пиел филтер, но еве сега има прилика пак да се навикне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ама некако се одвикнав да јадам месо, веќе осум години не сум јадела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Забораваат притоа дека хомосексуалните врски, незагадени од бладањето на религијата под нивното крзно од опосум, сѐ уште си се базираат на оние здрави основи од коишто хетеросексуалците се одвикнаа: бизнис ем плежр.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Можеби памтењето намерно ме лаже не е исто да се доживее и да се раскаже можеби сонот е фатаморгана и сонувачот можеби оние кои ме повикаа морето да им го вратам барем со збор и не се веќе риби можеби се реслови од некој дамна свршен лов или од оргијата која претстои меѓу морските широчини на овој од себе заведен свет како и да е јас и понатаму времето го мерам со сонот нив ги препознавам во нешто сосем лично и се одвикнувам од животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
2. Долниот свет Не оти сме слепци туку од што сме се одвикнале да гледаме блиску пред себе невешто се движиме со стап вперен напред и пипкаме: да не би да наидеме на змија, мудро немушта да не би да најдеме габа, солза радосница оти со години гледајќи далеку ни отапеа сетилата за светот тукашен па само некоја разорена и во мислите насетена ко привидение, стварност се тетерави без престан и бдее од страв да не исчезне ако се успие!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Треба да ги одвикнеш овие наши селски жени да не се пораѓаат по племни, подруми и штали.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пробувам да се одвикнам, но тешко ми оди. Но, ќе пробам овојпат по обратен ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одвикнувањето е многу потешко од учењето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)