одбие св.

одбие (св.)

Во таков случај и Грците и Патријаршијата ќе ни се објават за непријатели на нашата народност и наш свет долг ќе ни биде да ги одбиеме сите грчки напади на нашата народност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш беше изработен всушност таканаречениот „Закон за европските вилаети”, кој, меѓутоа, беше одбиен од султанот, па тоа одбивање после беше прифатено и од самите големи држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше средностав, згрчен во дваесетгодишно палто, бос, неизбричен, со тешко определиви години. беше човек што со нешто особено во исто време привлекуваше и одбиваше и долго се паметеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нарача и кафе, но Стеван одби, поткаснувајќи си ја долната муцка и чудејќи се на Петрушевото безобразие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се плашеше да одбие, но и да се нафати со таа погана работа не сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И можеби дедо Бошко ќе одбиеше, и Луман, како што имаше обичај, ќе ги изнатепаше сите по дома, некого ќе убиеше или дури и куќата ќе му ја запалеше за да си ја покаже силата, но сега тоа не се случи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Беа секако под челични панцири; секирата се одбиваше со метален звук од нешто тврдо и непробојно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мојот пријател се мршти. Готов е да го одбие но човекот со белег не чека одговор и седнува на нашата маса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сега не знам зошто одбивав да излегуваме ноќе - заради својата зафатеност или заради сјајот во твоите очи?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Одби ти, ти...“ се затетерави слегејќи ги со бел поглед начнатите полумесечини во неговите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја стружам ампулата полна со безбојна течност и вешто го одбивам со нож нејзиниот игличест врв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ни мојот буџет не позволува да позајмувам. Сепак не можам да го одбијам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Машките пак, притиснати до иконостасот, ги чекаа напаѓачите полни со сила да се удрат и да ја одбијат мечката, но ниту напаѓачот беше мечка, ниту нападнатите беа бикови за да можат со острите рогови да ја убодат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Сега е нашето, а за свадбата зетот да му мисли... - благо и радосно ги одбиваше татко ѝ на Викторија роднините, кои по секоја порачка викаа „доста е“, „многу е...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јанка пак ги одби. И тоа се повторуваше повеќе пати...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еден светол Месечков зрак се одби од стаклото на прозорот и полази по постелата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тие како да беа рамнодушни, што убавата преспанка им го навредува господарот, одбивајќи ги неговите дарови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дедо Спасе не може да го одбие и пак ќе почне да раскажува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас категорички одбивам да ги примам како такви.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Грубо и весело ги одбиваше тој тажните исповеди на Арсо и го забавуваше со интересни истории, не оставајќи го да се предава на своите нездрави размислувања.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе