обремени (св.)
Сопствената кола не се исплатува да се вози низ Истанбул, зашто возењето секогаш претставува опасност и го обременува возачот со психичка напрегнатост.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Над Прењес почнува делникот обременет со чемерот на испадените, раскуќените, раздојдените, разнебитените и размеѓените...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Мозокот на човекот е обременет со информација што може да се фалсификува.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Има денови кога луѓето околу тебе, оние што можеш да ги видиш, да ги перципираш, се обременети со иста мисла.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Обременети се со своите мисли и заскитани некаде далеку...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)