обрасте (св.)
Јадар и плеќест, неговата тркалезна глава беше обрастена со бујно навиткана коса која му се мешаше со исто така бујната брада. Усните му беа набабрени и напукнати.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мислеше, приближувајќи се до стеблото, на своите раце, мислеше на својот чекор, продолжуваше да сеќава некаква неизбежна радост, некаква неизбежна тишина, што му го опфаќаше целото тело, а за сето време загледан само во тоа масивно стебло, целото извиено, вивнато нагоре и смирено под беличестозеленикавите висулки бради, со кои што беше обрастено по корубата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Остана, загледан во крвавата дира, што се оддалечуваше пред неговиот поглед некаде во бескрај меѓу ретките стебла, што ја обрастуваа белата странка пред него; во неколку наврати беше дури и задоволен од сето она.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дури кога си легна во својата топла, миризлива темнина на ложниците, по него пак, како некој што постојано го демнел од темничината, обрасте онаа мисла за самјакот и за себе си сам, и пак го потисна во познатата пеколната притивнатост.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Поминале неколку години... Еден ден, кога бродот стигнал на островот Бисерна Школка, по бисери, луѓето на бродот мошне се изненадиле: кај нив дошол еден човек обрастен со долга коса и брада, ослабен, вистински див човек.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Сиот е испрашен, небаре избрашнет воденичар. И обрастен е во лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Обрастен со разно зеленило брегот е убав во секоја доба: во пролет е прошаран со цутови од секакви бои што шират опоен мирис и им внесуваат немир и возбуда на пчелите; во лето се гледаат разни плодови кои дрочат на сонцето и ги намамуваат птиците; во есен не се знае кое дрво полична боја има; пламтат лисјата како оган; зиме покриени се со бели пулајки, реси и чипки.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Таа стрмнина некаде беше обрастена со грмушки, а некаде имаше по некој стар даб.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)