обесчести (св.)
И Ахмед, од сонцето спален, што обесил така некојси кадија грешен врз комшиска жена кој ставил изгнасена рака, да ја обесчести решен . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ѝ се закануваше со сила да ја обесчести, но таа со два збора му одговори: – Ако не ти е мил живот, де бакалум!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
`Рѓата на Милоша Милоевиќа нема да го извалка името на честитиот српски народ, а постапките на нашите цариградски чиновници нема да го обесчестат името на бугарскиот народ кој ги презира нивните совети и нема ништо заеничко со нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во Потковицата сѐ уште се немаше случено, но за слични злодела денизден пристигаа вести од околните села: Турците грабеа моми и невести и ги носеа на чифлизите; таму ги турчеа и се женеа со нив или сѐ до старост ги чуваа во харемите, а кога ќе остареа, огрубени и обесчестени, ги падеа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Ме обесчести. Сега се смееш во себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се доби ваков текст: ЈАС, потресен и огорчен од она што се случува денес со ЛУЦИЈА, која е обесчестена, пристапувам кон партијата на ЛУЦИЈА и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на ЛУЦИЈА до степен на усвитеност, дека ќе ѝ ги вратам честа и достоинството и дека...“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Уште пред 50 години нивните дедовци сметале дека се почестени ако можат да го земат она што ќе им го остави Турчинот, а бабите да им бидат обесчестени од најништожниот ага...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Задушување, поттиснување, обесчестување, обезличување на чувствата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)