обеспокои (св.)
Чкртањето на столот под мене ме обеспокојуваше со својот несносен шум.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Далеку пукна пушка, негде се обеспокои петел.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Детето ја чувствува тапата, влажна муцка врз својата тупаница и уште повеќе се обеспокојува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Марија - Јана. Јосиф - Симеон! Ти си кретен, свети духу, мислеше и не знаеше што мислат за него сите оние од Нојовиот ковчег собрани како штаб за да го судат за дезертрство од човечката кожа, за ноќно `рзнување и обеспокојување на сѐ што е живо во тој библиски кораб.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најумните деца (Петар и некоја Цвета) слаткарите ги обеспокојуваат: - Бесплатно да се делат торти и корнети, настојуваат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Сепак, толку колку што му дозволува болката и треската од која сета става му се грчи и тррепери, се обеспокојува.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Предребни биле неговите солзи за да обеспокојат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едно од говедата чудно рикна. Другите се обеспокоија и му се придружија. Некои од луѓето се исправија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чудовиштето што им го претскажувал Дмитар-Пејко одамна престанало да им ги души наморничавените тилови; му го сечеле на жолтичавиот старец челото, умрел, го запалиле и го закопале, со него во гробот останал и дел од нивниот страв и веќе не се плашеле од сеништа и од иконописечки забести, ноктести, месести и грблести животни, гигантски гасеници со гуштерски нозе и лилјачки крилја, туку се обеспокојувале од можноста да се сретнат на својот пат со живи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нив, изгледа, значеше Партијата и пред сѐ Внатрешната партија, за која таа зборуваше со отворена, потсмешлива омраза што го обеспокојуваше Винстон, иако знаеше дека тука се безбедни, ако воопшто некаде можеа да бидат безбедни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Нека страда и перницата штом се нафатила да нѐ обеспокојува!“
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
За жал со задоцнување болничките службеници сфатиле дека командантот го обеспокојувале ариите на лирскиот тенор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кога се сврти, забележа дека во левата дланка стегаше роза. Розата го обеспокои.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не се помести да не би да ѝ го обеспокои рамномерното дишење. Милото момиче заспало...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)