обеси (св.)
И Ахмед, од сонцето спален, што обесил така некојси кадија грешен врз комшиска жена кој ставил изгнасена рака, да ја обесчести решен . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Кога ќе ни дојде времето за одење кај вас, ќе се искапеш и ти и ќе се сториш еден штрк, ќе си земеш едно шише вода од другиот извор и ќе си го обесиш на гуша и кога ќе си одиме дома, ќе се потуриш и еве си пак човек.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Да го обесиш со нозене угоре пет пари скршени не ќе паднат од џеповине негови. (благо) Еве, на пример, што би било лошо да можеме да ја нагласиме работата да ја земе Никола Стефанов?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Овој го дочека, го стисна со левата рака околу врат додека десната ја држеше над него како да го посолува со нешто но веќе Андон му притрча отстрана и му се фрли в нозе а јас преценив кај е најслаб противникот и му се обесив на грб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Невестата Менка ја зеде торбата од Илка, ја обеси на колот, ја зеде рогузината, го посла козинавчето како секојпат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја обесил главата надолу, а рацете опашани со неговиот појас.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На Биновци им притекна на помош самиот нивни анџија — „Бугаринот“ Мито, со сите Јенималци од Битола; на Дима — неговиот „Грк“ Крсте Нале, со сите џамбази и Власи од атпазар и токму на местото каде што Турците го обесија Алекса Турунџа се отвори „муаребе“(Војна).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Што не сторија Богоевци. Печени мисирки на гробот Пецов носеа, на крстот бардачиња со вино му обесуваа и ништо.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Детето малку заостанува. Би сакало да притрча и да се обеси на коњските узди, да се фрли пред колата. Но не го прави тоа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осаменост, ќе легнам врз шините на накој колосек или ќе се обесам на својата врска.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И тие ги гледаа во мислите своите деца претепани, измачени, гладни, голи и боси како газат во студената кал, како се тресат ноќе затворени во студените аништа, и... најпосле како сите ги обесил султанот во Стамбол.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Луњи да кршат и да не го скршат Земја да се тресе и луди ветришта и суводолици тоа да расте над нашата несреќа високо - На него да се обесиме!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Судбата го обеси неговиот џакет на нејзината закачалка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На него како на закачка можеше да се обеси врска.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Понатаму ги обеси и венците кромит, лук и суви пиперки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имаше неколку кусови широка сланина и едно поголемо парче свинско ребро, нив ги нанижа со еден канап и ги обеси на таванот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На пример, многу сакаше да се обесува со ноктите на долгото и набрано здолниште на бабата; или лулето на тато да го тркала под кревет иако тој поради тоа многу се лути; или да скока врз убавиот чадор на мама!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Татковците им донесоа многу играчки, бонбони во светликава хартија, и разни фигури што можеа да се обесат на елката.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Евто убаво го изми шлемот, го наполни со вода и го обеси на синџирот на огнот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Јајцата ги смести во едно кошниче со слама, а шишето го кладе во торбиче и го обеси на самарот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)