обели св.
обелиск м.

обели (св.)

А јас сум обелел од гајлиња.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По раѓањето на Нешка, лицето ѝ се избистри и обеле уште колку што беше бело, очите ѝ светнаа како молња, косите ѝ беа заплетени, прибрани, а растресените цулевци како свила ги покриле ушите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чекаш, чекаш и наеднаш гледаш - околу тебе просторот ја проретчува синкавата измаглина и полека обелува, како снегот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Откако се беа доселиле во новиот стан, мајка ѝ на Зорица ги стави тие пердиња за да ги сочува новите тенки завеси од Сонцето, како и каучите и ќилимот. Сонцето да не ги обели.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од ваших, ми вели капетан Мирковиќ. Јужносрбијански, ми вели, ми ја обелува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Па, ти цело време јадеш коњско, ми ја обелија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пророкот Исаија: „Ако вашите гревови бидат како црвеното, ќе ги обелам како снег“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Среќа што не оќелаве, ниту пак обеле многу.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога се роди сонцето денеска се срушија сите препреки што беа наѕидани во низ во претходниот кобен ден. Се обелија сите темнини.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И кога Миќо, со кого седев заедно во првата клупа, ќе почнеше да прави непристојни движења зад неа штом таа ќе помине меѓу клупите јас не ги обелував забите како другите ученици, ами страшно одвратна ми се чинеше таа постапка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Знаев дека тој ќе ни го обели образот”, вели Аптовицер со својот карактеристичен стегнат глас, расположено удирајќи со прстот по весникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога директорот на претпријатието (социјалистички израз за фирма) ќе му каже дека заради неисполнување на работните обврски може да летне од работа, Шурда ќе му го обели: - А, не!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Секогаш исти сурати на кои од тртење и од постојано пцуење на сите светски револуции им обелела косата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ќе ми го обели образот, а јас ќе им ги затворам муцките на сите што не веруваат во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)