нељубен (прид.)
Мојот газда токму најде време да се жени. Ќе остави тој либе нељубено, небакнато.
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Кутрите нељубени суштества, мислев, браќа на човекот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Синот на Тајко гледаше како разубедувањето што го применуваше повредениот бег, беше очајнички чекор на нељубен маж, но сепак кај него болката секој ден сѐ повеќе растеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
немој ќерко, светла Ѕвездо - на небото ти ми личиш - не влегувај в црна земја - таму нема вишно небо - нема сонце, месечина, нема ѕвезди, мила ќерко - црна земја е студена - има само црни змии - ќе ја пијат твојта младост - твојта снага фиданлија - твојте гради негалени -твојте усти нељубени
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Момиченце нељубено, ќе исткаеш јамболија - јамболија со три дипли - за постилач, за покривач - за легање, за љубење...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)