неуништлив (прид.)
Бедрата му биле крвави од сабји и штикови додека го минувал обрачот на турската војска, и од него како семе на идни диви и неуништливи лозници, паѓале капки - виното, доколку ќе го напоело, можело да му ја обнови коњската крв.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Неговата сила е во неговата неуништивост, во неговата еластичност, можностите за трансформација и мимикрија, во неговата - рециклабилност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во новата стварност, која наликува на фантазмагоричен кошмар, кичот покажа најголема издржливост, најбрзо се трансформираше и одново заживеа во својот неуништив сјај.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ништо друго не го одржува заедно, освен идејата која е неуништлива.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но тоа не им помага. Книгата е неуништлива.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За македонската цивилизациска татковнина тоа е особено карактеристично. Затоа таа е и - неуништлива!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Па сепак - ништо и не исчезнало: Нивната Светост - Атомите, единствената неуништлива твар на животот, која го памети и Создавањето и сѐ друго што одминало - се вечни!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Живееше со последните остатоци од својата дотогаш неуништлива надеж.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сето тоа ќе остави неуништливи траги во нејзиниот развој и формирањето на карактерот.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше единствениот материјален предмет што остана од Рози и беше неуништлив.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Некоја неуништлива внатрешна сила се обиде повторно да му ја оживее желбата, да му ја надомести празнината во него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Носеше волнена, синкава кошула, запетлана напред со бисерно-сива и претерано нагласена врвка, со неуништлива кафеава облека од патка, со неизбежно високи чизми со мексикански мамузи и мексиканско сламено сомбреро.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Е, дури сега никој нема да те сопре. Сега имаш сила како Херкулес. Неуништива. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)