несфаќање (ср.)
Очите на Отец Симеон станаа темни и длабоки до дното на едно несфаќање. „Се спремате за циркус“, рече невесело. „Или пак тоа е наследството?“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Французите тоа ги вџаши од несфаќање зошто го одбегнуваат мостот и сигурно помислија дека тоа било поради камчето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Замавнувале, боделе, кинеле и помамно ги испитувале тие влакненца, и секое, скоро секое, било еднаш видено на штавена кожа од лисица, јазовец или диво свинче, и некои мислеле дека на таквиот народ каков што е нивниот големината му е во несфаќањето, во немањето сметка како да се одржи, да се намножи, да исколе сè што крева нож на него зашто за двајца свои луѓе убива еден, утре ни за десет не ќе убие двајца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговото несфаќање со сета тежина легнувало врз патот зад него и тој останувал сам, шуплив и пак затворен за сите шумови и гласови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во суштина, грешката е во несфаќањето дека постои онтолошки прекин меѓу човечките битија и предметните битија.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
На авторот му се виде дека младиот човек поради сопственото несфаќање дури и како да почнуваше да се нервира. Задоволен, авторот му се насмевна.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зборовите: општество и пролетерска револуција тешко ги разбираше, ама се чини дека токмy во тоа неразбирање и несфаќање се криеше некаква таинствена моќ од која извираше убедувањето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)