неразбран (прид.)
Прво се тргна Мече и почна збунето да се брка по џебовите, мрморејќи нешто неразбрано, како да не знае кај ја ставил карта.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
- Слушај, народе, неразбран. Чии сте вие сведоци и зошто ме апсите?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Аким се доближи до мене. Врелата пара на млекото ме удри в лице и јас отстапив еден чекор очекувајќи нешто непријатно од ова неразбрано и силно момче: прст в око, нокти в грло.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мартин не беше дете будало и неразбрано.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Изгледа не ја сфаќа смислата или некои неразбрани мисли му се мешкаат во главата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
1. Скриен во сонет како во сонот, Римуван, а неразбран, На пусија дочекан, гонет Од стин и троглави змии, Занесен, во сонот изгубен, сет Изѕемнет, поцрнет од рими, Од своите луди посестрими И од аждери- ѕверки, душодерки; Сонет, недосонет, буден Слуден и студен од мори, Сосема сам, над димни гори, Фатен во тешко оро Со студот и со зборот, Од темни ноќи, до бели зори.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
За сите луѓе внесени во тајните како подобро да профитираат во тие црни и неизвесни времиња, овие занесени луѓе во патот на јагулите, во нивните виши цели, остануваа маргинални и неразбрани, неспособни да фатат вистинска пусија во расплетот на времињата што се вестеа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јас молчев. Што можев да кажам. Херој, а неразбран.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше еден од друг, ги довикуваше од просторот од тишината и од вековите, од облеката и од празниците, од сите пештери и од сите жетви ги собираше, им се умилкуваше, ги галеше, им шептеше, ги средуваше во мали врзопчиња, ги подучуваше и им се подналутуваше, им зборуваше и им појаснуваше дека за сите нив има голем порив да ги разигра, да им открие поинакви и поинакви значења за да не талкаат расфрлани и неразбрани низ сечија свест и низ сечии копнежи.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Секогаш неразбран, секогаш осамен, тоа ли беше судбината што Бог му ја одредил.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сето ова просто ме тераше да говорам веќе еднаш со воспитачот, зашто одлагањето стануваше невозможно и беше неразбрано.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Како главно оружје за кочоперење најчесто го користат интелектот (кој претежно е сомнителен) и нивните 300 научени латинизми со кој би изгледале премногу учени и неразбрани пред простата маса.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)