непристоен (прид.)
Со тоа си земаа збогум со свети Димитрија и го молеа да им ги прости гревовите што ги направиле за оваа и друга година, што газиле околу манастирот, што јале и збореле можеби понекој непристоен збор во негово невидливо присуство.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го заклопија сандакот, ги извадоа своите грубо непристојни чекани и го заковаа. Без мене.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тоа мора да е некоја моја непристојност во вид на привидение.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Имитирајќи шимпанзо, професорот Оливер ја протна раката низ десната ногавица од своите прешироки пантолони и со изненадувачка вештина му мавна на професорот Роберт со непристојно свиткан среден прст.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Пишувањето за себе самиот од секогаш ми изгледало како некој вид автоген тренинг, служење на култот на self-от, непристојно малтретирање на другите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На демонстрациите ги носеа неговите голи слики, на концертите се пееја секакви непристојни песнички за неговата голотија.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тој го спушти гласот, како човек кој мора од здравствени причини да изговори непристојност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го советував иако знаев подобро од секого каде завршуваат нашите совети. (Еднаш самиот ни рече. Ги обесувал на клинец во кенефот. Беше непристоен. Не допушташе никој со совети да истрчува пред него).
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во нозете му се виде како врабица и таа споредба што механички му падна на памет во истиот миг му се виде непристојна. Пренепристојна. Просто ја исфрли од главата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дури тогаш Јани му кажа дека „патем“ тој навраќа до дома зашто имал нешто да се разбере со жена му. (Еби си мајката, помисли Едо и со сила се насмевна за да ја прикрие непристојната мисла.)
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Во која смисла?“, сакав да ја прашам, но знам дека таквото прашање сигурно ќе ѝ зазвучи непристојно. Односно, ќе асоцира на секс.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тоа што од љубопитство се мешаше во туѓ живот му се виде непристојно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Еразмо наизуст шепотеше непристојни пцости и погрдни зборови, викајќи по него, немоќен да го сопре, но, во исто време, мораше да го следи, да трча по бикот Чико, со сиот свој напор, независно од заморот, студот и тешките чизми, што му создаваа дополнителни тешкотии, разранувајќи му ги нежните пластови кожа на нозете.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога си бил мал. Те држеле на растојание непристојно
од космосот.
Затоа имаш фантазија.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И кога Миќо, со кого седев заедно во првата клупа, ќе почнеше да прави непристојни движења зад неа штом таа ќе помине меѓу клупите јас не ги обелував забите како другите ученици, ами страшно одвратна ми се чинеше таа постапка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Без сомнение панталоните беа практични и удобни, но жените што носеа панталони за Кети беа некако непристојни, особено дебелите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Непристоен каприц на порочната желба која и не е свесна дека на овој начин го потврдува своето постоење но и својата слабост“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ако успее таа девојка во бело да се втурне во собата на вујко ми, тој, иако онака антав и во непристојна бела антерија, ќе се измолкне од под чаршафите и ќе потскокне на мртовечкатата постела (како штотуку извадена од водата риба што лудо се фрла по песокта).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но не со намера да го укорам заради непристојното и по малку загадочно однесување во оној дел од неговата приказна што се однесуваше на спомнатиот волшебно розов облак, туку за начинот на кој настојувал да се изземе себеси од секое можно сомневање па дури и од недоразбирањата што би можеле да се појават во врска со нив.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Надолу имаше понекој буден, тоа беа пајаците, пеперутките, и два убави глувци кои ги начекав во непристојна ситуација, па стрмоглаво избегаа во купот несредени дрва.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)